Завршено најголемото реално шоу: Кога излегле натпреварувачите дознале за пандемијата

Сподели со своите пријатели

Натпреварувачите на реланото шоу „Големиот брат“ излегуваат од шоуто и дознаваат како пандемијата целосно го променила животот.

Loading...

Натпреварувачот на шведскиот „Голем брат“, Даниел Гласман, излезе од шоуто по 50 дена минатата недела, а кога влезе во куќата на „Големиот брат“, коронавирусот беше само кинески проблем и не се зборуваше толку многу во Европа.

Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?

„Се уште се обидувам да сфатам што се случува. Тешко ми е да прифатам колку се сменил светот. Очигледно не можете да бидете изолирани од остатокот на светот 50 дена и да очекувате сè да остане исто. Имав многу длабоко искуство, како и светот”. рече Гласман за Гардијан.

38-годишникот додаде дека поради ограничените информации што доаѓаат во реалното шоу, тој ја потценил целата ситуација, како и другите учесници во претставата.

„Кога заминавме во изолација, не знаевме во колкава мера се шири коронавирусот на светот. Шведска немаше ниту еден запишан случај. Ние правевме шеги за ситуацијата околу короната, замислувајќи дали светот ќе изгледа како зомби филм кога ќе заминеме дома”, рече тој.

Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот

Продуцентите на шведската емисија решија да го следат примерот на германското шоу, па на натпреварувачите решија да им дадат ограничени информации за пандемијата, иако Глазман тврди дека се потрудил да разбере што се случува надвор од шоуто.

Loading...

„Бев таму 50 дена. Имав многу малку информации од надворешниот свет. Пред неколку недели, тие почнаа да брифираат за ситуацијата. Тие сакаа да знаеме дека оние што ги сакаме и нашите семејства се безбедни. Тие се обидоа да нè смират”, рече тој.

„Големиот брат“ во Канада заврши предвреме поради карантинот и наградата беше донирана на организации кои се борат против коронавирусот.

Leave a Reply