Завршена мобилизацијата во Москва

Сподели со своите пријатели

Канцелариите за мобилизација во Москва денеска ќе бидат затворени, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Loading...

Тој додаде дека се пополнети делумните квоти за мобилизација, пренесува АФП.

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Руската Федерација на 21 септември.

Тој тогаш рече дека Министерството за одбрана препорачало да се активираат воените резервисти, бидејќи земјата се соочува со продолжен конфликт во Украина и Донбас.

Путин рече дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

„Тоа не е блеф“, истакна тој.

На 14 октомври Путин рече дека мобилизацијата официјално ќе заврши за две недели.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...