Зависноста од видео игри е ментална болест

Сподели со своите пријатели

Многумина не веруваат дека создаваат зависност и дека се закана за менталното здравје, но истражувањето покажа дека голем број луѓе играат игри помеѓу 12 и 24 часа дневно, што е поразувачки факт.

Времињата се менуваат, а технологјиата напреднува од ден на ден. Модерните времиња ги заменија некогаш помалку модерните, а децата се повеќе минуваат време на интернет, играјќи игри или сурфајќи. За жал, зависноста од видео игрите наскоро Светската здравствена организација и официјално ќе го класифицира како ментално пореметување.

Психолозите велат дека зависноста од игрите е многу важен проблем. Велат дека професионалците од здравството мораат да ја препознаат зависноста од игри како навистина заканувачка за здравјето. Поголемиот дел од луѓето кои играат игри не патат од пореметување, баш како што сите што пијат алкохол не се алкохоличари, но сепак во одредени околности претераната употреба може навистина да доведе до несакани ефекти.

Завнисноста од смартфони кај децата сè поголема

Loading...

Минатата година експерти од Оксфорд спровеле истражување со кое се обиделе да утврдат кој процент на луѓе е зависен од игрите. Со студијата е утврдено дека само два до три отсто од луѓето се навистина зависни од игрите. Истражувањето е спроведено на примерок од 19.000 испитаници од Велика Британија, САД, Канада и Германија.

И покрај тоа што многумина не веруваат во тоа дека игрите создаваат зависност и дека се закана за менталното здравје, времето кое некои луѓе го минуваат работејќи знае да биде запрепастувачко. Имено, едно истражување покажало дека од 500 испитаници гејмери 10 отсто од нив играат игри помеѓу 12 и 24 часа дневно.

Leave a Reply