Затвореник од Куманово крадел низ Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец е осомничен дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во Скопје.

Loading...

– Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што потенцираат од полицијата, по преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

– На 26.01.2023 со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Никола Ивановски