Затворениците бараат помилување, во спротивно ќе следува бунт

Сподели со своите пријатели

Осудените лица низ македонските затвори охрабрени од масовната аболиција на политичарите осомничени за криминални дејствија, ќе бараат можност да издејствуваат милост од првиот човек на Република Македонија и тие да бидат помилувани.

Нивните барања ќе се темпелат на аргументот дека политичарите не смеат да бидат привилегирани, ниту пак затворениците се граѓани од втор ред во оваа држава.

Дел од оние кои добија аболиција од претседателот Иванов, во писмо или јавно преку медиумите побараа итно повлекување на одлуката. Така од 56-те лица кои беа на листата за аболиција, до сега поништување на одлуката бараа: лидерот на СДСМ Зоран Заев, екс премиерот Никола Груевски, поранешниот Претседател Бранко Црвенковски, спикерот Трајко Вељаноски, тројцата обвинители од СЈО Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски, како и директорот на затворот Идризово Живко Пејковски.

Двајцата рекордени за во Гинис, Миле Јанакиевски со 16, и Гордана Јанкуловска со 13 кривични постапки немаат никаква реакција и аболицијата најверојатно со задоволство ќе ја прифатат.

Протестни писма до Иванов испратија тројцата помилувани специјални јавни обвинители, меѓу кои Фатиме Фетаи обвини за неписменост на кабинетот на Иванов, со оглед дека помилувале некоја друга Фатиме Фетаи, наместо обвинителката, но исто така нјави и тужба поради нарушување на нивниот углед.

Иванов ги повика сите аболирани, кои не се согласуваат со аболицијата да испратат барање за нејзино поништување, па неговиот тим да разгледа дали е тоа можно. Од неговиот кабинет досега нема решение по ваквите барања.

извор: Фактор.мк

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.