Затворени избирачките места, во исчекување за првите резултати

Сподели со своите пријатели

Избирачките места во Општина Куманово и официјално се затворени. Гласањето заврши, а сите се во исчекување на првичните резултати.

Loading...

Излезноста во Куманово во втората изборна единица до 19 часот изнесува 57,43%, а официјалните податоци за излезноста од Државната изборна комисија ќе ги соопштат на прес конференција во  веднаш по затворањето на избирачките места.

Потоа ќе следува и пребројување на гласовите и постепено објавување на првичните резултати од изборниот процес.

Политичарите се веќе во своите штабови и ги сублимираат првичните резултати. Наскоро нашата екипа ќе ги има и првичните резултати од штабовите на политичките партии.

Никола Ивановски

Leave a Reply