Затворена читалната во кумановската библиотека

Сподели со своите пријатели

До 24 март се откажуваат сите настани, промоции на книги, а нема да работи ниту читалната во градската библиотека Тане Георгиевски.

Loading...

Оваа одлука следи по мерките и препраките кои што ги упати Владата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Надлежните од оваа установа информираат дека е намален и бројот на читатели.

-Донесовме одлука да работиме со скратено работно време, двете одделенија, за возрасни и за деца, од 08 до 16 часот, преземени се сите соодветни мерки, дезинфекција на раце на сите корисници кои сакаат да ги користат сите наши услуги, библиотеката ги откажа сите манифестации, настани. Се чувствува многу ретко има посетители, најверојатно луѓето се загрижени од оваа ситуација што моментално владее. Ги следиме препораките се надеваме дека одиме кон подобро-посочи директорката Христина Алексовска.

Одложени се сите културни настани и манифестации и во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ и Театар Куманово. Тие ги пролонгираа закажаните настани и претстави, а за продолжување на редовната репертоарска програма ќе ја информираат јавноста.

Е.Г.

Leave a Reply