Затворен објект во Куманово кој не го почитувал работното време

Сподели со своите пријатели

Објект за компјутерски игри во Куманово вчера бил затворен од полицијата поради непочитување на здравствените протоколи.

Loading...

– На 15.01.2021 во 21.50 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објект за компјутерски игри на ул.„Владимир Назор“ во Куманово, сопственост на Р.И.(23) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола во објектот биле затекнати 13 лица.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, појаснуваат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply