Застрашувачка снимка која ја покажува моќта на технологијата (видео)

Сподели со своите пријатели

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон развиле технологија која користи машинско учење за совладување покрети на лице и подоцна произведува многу автентични видео снимки.

Со други зборови, се работи за технологија која чита израз на лице и врз основа на алхоритам учи и репродуцира движења на основ на целосно друга аудио снимка.

Овој пат во главната улога е поранешниот американски претседател Барак Обама, првенствено поради тоа што има многу јавни видео снимки.

Видеото прикажува неверојатна точност на горот од Белата куќа кој се заснова на целосно други аудио снимки. Истражувачите дури отишле толку далеку што земале снимка од студентските денови на Обама и залепиле звук на снимката на која се види значитечно постариот поранешен претседател.

Она што најмногу се јавува како проблематично овде се лажните вести, било кој би можел со мал буџет да направи лажни снимки кои изгледаат многу автентично. Всушност е толку добро, што е тешко да се забележни дека станува збор за лажна снимка.

Како тоа изгледа, погледнете од приложеното видео.

Loading...