Заслужуваме живот

Сподели со своите пријатели

12202072_10207926829710305_1507294989_nДеновиве честопати си го поставуваме прашањето што ние како граѓани , како општетство, како народ НЕ заслужуваме. Мислам  дека тоа го знаеме, го гледаме и чувствуваме сите . Јас би сакал да го свртиме прашањето, мислата и да кажеме што ние ЗАСЛУЖУВАМЕ !

Loading...

Заслужуваме подобро, поквалитетно образование, наставници и ученици кои со мерак ќе одат во училиштето, ќе работат, учат и ќе допринесат за своето општетство. Подобри училишта со убав инвентар, каде ќе биде задоволство да се учи и да се работи.

Заслужуваме подобар живот во смисла на подобри лични доходи и поголема финансиска сигурност во секој поглед за да можеме да функционираме нормално во секој сегмент од животот.

Заслужуваме подобро здравство, заслужуваме задоволни лекари кои се соодветно платени за својот труд и со тоа ќе допринесат до квалитетна услуга на своите пациенти.

Заслужуваме младите кога ќе го завршат своето образование да најдат соодветно вработување преку кое ќе може да се себереализираат, да ги остварат своите соништа, да одат задоволни на своето работно место знаејќи дека кога ќе ја примат платата ќе може да живеат од истиот тој приход.

Заслужувмае подбри услови во смисла на остварување на финасиски кредити, заслужуваме кога младите ќе наполнат 21-22 година да им биде овозможено да купат свој сопствен дом, или можност за изнајмување на истиот за минимални средства со цел да станат самостојни. Државата да се погрижи да ги изгради тие станови. Да започнат сами да живеат, сами да заработуваат и да ги почувствуваат благодететите кои им се овозможени на младите од развиените западноевропски земји.

Заслужуваме квалитетни културни настани со кои ќе се воспитува младиот човек дека културното воздигнување е важно во севкупниот развиток на неговата личност.

Заслужуваме задоволни пензионери кои со својата пензија ќе може да отпатуваат некаде, да посетат некоја друга држава, друг град, а не нивната пензија да ја потрошат само на пазар, за лекови и плаќање сметки,  a после тоа да ја чекаат следната.

Loading...

Заслужуваме подобра и поквалитена животна средина, повеќе паркови, места за рекреација,содржински паркови за децата и нивните родители.

ЗАСЛУЖУВАМЕ – бидејќи ние живееме тука – парите кои одат во буџетот се наши пари и потребно е да се искористат за нашите потреби преку кои ќе имаме поквалитетн и поубав живот.

Пишува: Сашо Тодоровски, портпарол на ОО на СДСМ Куманово