Македонската кошаркарска федерација вечерва со манифестација во хотелот Александар Палас ќе ги додели традиционалните признанија на најдобрите поединци и екипи во Мак баскетот во 2015 година.
Вечерва ќе бидат доделени признанија за најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка во 13 категории, најдобар кошаркар, кошаркарка, тренер, екипа, судија, најдобрите претставници во младинската кошарка.
Добитниците на признанието се веќе познати на македонската јавност, па така според МКФ, Војдан Стојановски ќе биде избран за најдобар македонски кошаркар за 2015 година, наследувајќи го на тронот својот брат-близнак Дамјан, кој беше избран за најдобар во 2014 година,додека наградата за најдобар тренер ќе отиде во рацете на Страшо Тодоровиќ, кој минатата година стигна до второто место во шампионатот со тимот на Куманово.
Анжелика Митрашиновиќ е најдобра кошаркарска во сениорска конкуренција, додека Љубомир Младеновски е изборот за најдобар млад кошаркар.