Заскитан куршум од семејна веселба заврши во автомобил на стружанец

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15,20 часот телефонски во Полициско одделение Камењане А.Р.(27) од село Богојци-струшко пријавил дека движејќи се со патничко моторно возило “БМВ“ со австриски таблици на автопатот Тетово-Гостивар после наплатната рампа Тетово каде поминувала колона на возила при семејна веселба слушнал истрели од огнено оружје.

Потоа видел дека ветробранско стакло било оштетено од огнено оружје, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што пронајдено било едно зрно од испукан куршум и било подигнато и предадено за помнатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply