Засилен северен ветер и температури до 34 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од претпладне ќе дува умерен северен ветер кој на север, долж Повардарието и на повисоко ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, во западните делови попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната од 26 до 34 степени.

Во четврток и петок ќе биде стабилно и се потопло, а за време на викендот ќе биде топло и ќе има попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Image by Chiemsee2016 from Pixabay

Leave a Reply