24.04.2019 14:04

Заштитни зони ќе се постават околу бунарите за вода во Куманово


На предлог на локалната самоуправа, Советот на Општина Куманово денеска донесе одлука за поставување заштитни зони околу водозафатните објекти, односно експлоатационите бунари за водоснабдувањето на градот.

Со ваквиот предлог се согласи и опозицијата, освен што не беше допрецизирано што ќе стане со евентуални објекти кои би влегле во овие заштитни зони.

loading...

– Се сложувам дека треба да се постават заштитни зони во околина на водоснабдителни објекти. Но, што ако во овие заштитни зони веќе постојат објекти, индустриски објекти кои нема да ги исполнуваат овие услови, дали тие ќе треба да се дислоцираат или тие ќе останат и ќе важи за новите. Како ќе се постапи со објекти кои веќе се наоѓаат во овие заштитини зони, праша совентикот Драган Петковски.

Како што појасни раководителката на Одделението за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска, овие зони подоцна ќе треба да бидат вклучени во деталниот урбанистички план. Колку објекти има во овие заштитни зони, засега не е познато.

– Елаборатот е правен согласно законските прописи, истите имаат излезено на лице место, лично не знам колку објекти има таму, но бидејќи е ревидиран и одобрен од страна на службите претпостаувам дека се водела сметка за сите објекти кои се во непосредна близина на бунарите, што значи дека заштитната зона ќе има посебен третман на оние кои задираат во заштитниот појас, што не значи дека ќе бидат остранети. Тоа е процедура која во иднина треба да се споведе, ние отопочнуваме постапка, а Владата ќе одлучи дали ќе биде донесена, откако ќе се донесе ќе ја вратат за имплементирање, рече Ланг Спасовска.

Инаку во општина Куманово постојат бунари во населбата Бедиње и кај локацијата Митев мост, направени се како алтернативни извори кои ја надополнуваат зголемената побарувачка на вода во градот во високите зони во периоди кога акумулациите Глажња и Липково не можат да постигнат.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments