Засега не се прогласува кризна или вонредна состојба

Сподели со своите пријатели

Советот за национална безбедност засега нема да препорача до Владата прогласување кризна или вонредна состојба на територијата на целата држава поради коронавирусот, соопшти претседателот Стево Пендаровски по одржаната седница, во поширок состав, на која присуствувал и министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што рече Пендаровски, не е потребно да се преземат поголеми мерки, а надлежните институции ја мониторираат состојбата.

Кризата како што рече шефот на државата, ќе трае, нема да замине за недела или две.

Сепак остава можност ако дојде до потреба за вонредна или кризна состојба, по вечерашните анализи Советот за национална безбедност ќе достави таков предлог до Владата.

Засега кризна состојба останува само во општините Дебар и Центар Жупа.

Никола Ивановски

Leave a Reply