Заради долгови: Суспендиран српскиот шампион Партизан

Сподели со своите пријатели

Актуелниот кошаркарски шампион на Србија нема да може да ги продолжи натпреварите во домашниот шампионат додека не ги подмири долговите, пишуваат српските медиуми.

Loading...

Кошаркарската лига на Србија денес го суспендираше Партизан поради неизмирени финансиски обврски.

Српските медиуми не наведуваат за колкав долг се работи, освен дека српскиот шампион нема да може да ги продолжи домашните натпреварувања додека не го исплати долгот.

-Заради неизмирени финансиски обврски, донесена е одлука за суспендирање на КК Партизан (чл. 67 Пропозиции за натпревари), и нема да има право на настап во третото коло од Суперлига, доколку не ги измири доспеаните обврски, пишува во соопштението на КЛС, кој го пренесува Спорстски журнал.

Партизан во третото коло требаше да гостува на екипата на ФМП од Железник.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *