Запросување кое го видоа два милиони луѓе (видео)

Сподели со своите пријатели

Сем и Џесика се запознале кога имале десет години. Симпатиите на двајцата тинејџери од Њу Џерси набргу прераснале во врска која пред неколку дена завршила со спектакуларно запросување. Денес за нивната врска зборуваат повеќе од 1.8 милиони луѓе.

Loading...

Имено, Сем го замолил својот братучед и музичар Метју Мејс да исценира снимање на спот за неговата песна во која главни протагонисти ќе бидат токму тој и неговата девојка. Метју се согласил и напишал нова песна, а Џесика се согласила да учествува во тој проект. Но, тоа што таа не го знаела е крајот на спотот, кога Сем клекнал пред неа, и тоа со прстен.

Така се роди и виралниот хит од прекрасното запросување во спот за песната ”The proposal” кое досега го видоа 1,8 милиони луѓе на интернет.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.