Започнува реконструкцијата на училиштето во село Љубодраг (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е подготовка за целосна реконструкција на Основното општинско училиште „Карпош“, подрачно училиште во кумановското село Љубодраг.

Loading...

Како што информира градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со реконструкцијата е опфатено поставување на целосно нов кров, енергетско ефикасна фасада, прозорци, врати, подови, греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост.

Во меѓувреме, целосната реконструкција на ООУ „Карпош” во селото Умин Дол е веќе во завршна фаза.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски