Започнува референдумскиот молк

Сподели со своите пријатели

На полноќ започнува предреферендумскиот молк кој ќе трае 48 часа.

Државната изборна комисија ги достави изборните материјали до општинските комисии, како и гласачките ливчиња и печатите.

Вкупно 1.725.913 граѓани имаат право на глас, а за да се постигне цензусот на гласање треба да излезат 862.957 гласачи.

Гласањето започнува во недела во 7 часот, а затворениците, болните и раселени лица гласаат во сабота.

Leave a Reply