Започнува изборниот молк, кампањата за првиот круг од локалните избори заврши

Сподели со своите пријатели

Од вечерва на полноќ статуваше т.н. изборен молк, односно период од 24 часа пред изборите во Република Македонија, кога завршуваат сите активности на политичките партии, а секаков вид на нивно дејствување и нарушување на изборниот молк се казнува.

Loading...

Утре ќе се локалните избори на кои право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи кои ќе треба да избираат градоначалници и членови на советот за своите општини во следните четири години.

На Локалните избори за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.

Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

Никола Ивановски