Започнува ископувањето на нацистичкото злато: Ловците на богатство убедени дека ја имаат локацијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ловци планирале ископувања на местото каде што, како што веруваат, се сокриени 48 ковчези нацистичко злато.

Loading...

Ковчезите наводно биле закопани во селото Минковски во јужна Полска, под вилата што ја користеле СС како бордел.

Британски „Дејли меил“ пишува дека ковчезите содржат скапоцености во вкупна вредност од половина милијарда фунти, и додаваат дека ковчезите биле закопани по лична наредба на командантот на СС Хајнрих Химлер на крајот на Втората светска војна.

Се претпоставува дека под вилата има „злато од Вроцлав“, кое исчезнало за време на војната од полициската зграда во полскиот град Вроцлав.

Се верува дека во богатството има и накит од приватните колекции на богати Германци кои им ги предавале своите скапоцености на припадниците на СС за да ги сокријат од напредната Црвена армија.

Ископувањата ќе започнат следната недела, а оптимистичните ловци на богатство се надеваат дека ќе откриат 10 тони злато под палатата во Минковски.

Роман Фурманијак, директор на фондацијата „Силезиски мост“, која работи со лов на злато, за „Дејли меил“ изјави дека неколку лица учествувале во криењето на богатството во Минковски, и дека еден од нив бил офицерот Фон Штајн.

– Тој престојувал во палатата затоа што таму имал љубовница. Поради својата позиција, често го посетувале високи СС-луѓе кои се однесувале како да се во бордел – рече Фурманијак и додаде дека Фон Штајн го назначил локалниот Германец, Инга, да го чува местото каде што било закопано богатството.

Loading...

Според него, таа успешно ја избегнала Црвената армија криејќи се во шумата, а потоа го сменила идентитетот и живеела меѓу локалното полско население во следните 60 години, будно гледајќи го местото каде што наводно било закопано богатството на Третиот рајх.

 

Leave a Reply