Започнува годишната конвенција на хакери

Сподели со своите пријатели

Европското здружение на хакери, Chaos Computer Club, кое организира кампањи, настани и публикации, секоја година во декември приредува годишно собирање на хакерите.

Четиридневната конвенција под името „Chaos Communication Congress“ започна вчера, а овогодинешниот слоган е „Do Something“.

Конвецијата годинава ќе се занимава со жешки теми како што се безбедносна ранливост, хакерски напади, заштита на податоците и вештачка интелигенција.

Покрај тоа што се занимаваат со аспекти на ИТ безбедност, политичките и социјални дебати играат се поголема улога на оваа конвенција.

Годишната конвенција на хакерите која со години се одржуваше во Хамбурт, северното пристаниште на Германија, оваа година е преселено во Лајпциг.

Светскиот конгрес на хакери се одржува по 34. пат и расте од година во година.

Овој пат сите места за учество се пополнети и се очекува во конвенцијата да учествуваат околу 15.000 луѓе.