Започна вакцинацијата во Куманово: По 80 лица дневно ќе бидат имунизирани (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Започна процесот на имунизација на населението против коронавирусот за лицата над 75-годишна возраст во Куманово.

Loading...

 

 

Од осум часот утринава највозрасната категорија граѓани која е приоритетна за вакцинација, доаѓа во закажаните термини во Здравствен дом Куманово каде вчера се доставени 800 дози на вакцината АстраЗенека.

– Се фаќа прво термин кај матичен, луѓето доаѓаат, ги имаме електронски, доаѓаат пополнуваат најпрвин согласност, потоа влегуваат кај докторот се пополнува картонче за вакцинација, каде генералиите првин стојат, откако ќе даде лекарот дозвола дека пациентот може да се вакцинира се пишува на картончето производителит, името на вакцината, се пишува датумот и часот кога е примена се става факсимил, печат и потпис и се закажува датум и час за ревакцина, појасни Др Сузана Атанасовска од Здравствен дом Куманово.

 

Loading...

 

Сите кои се пријавиле, до 11 часот денеска го искористиле својот термин. Остануваат 15 до 20 минути по вакцинирањето, а немало никакви несакани реакции.

Како што појасни др. Атанасовска реакциите и за оваа вакцина не се ништо поразлични од било која друга.

 

 

Како реакција, како и досега сите вакцини и за грип и бебињата, може локално да се јави реакција во смисла на болка, црвенило, оток, од општи симптоми може да биде главоболка, покачена температура, но тоа е со минлив карактер, појаснува таа.

Од утринава најстариот граѓанин на Куманово кој примил вакцина имал 82 години. Од оние со кои разговаравме велат дека немале стравувања за вакцинацијата и едвај чекале да ја примат за да можат да се чувствуваат безбедно.

Loading...

 

 

– Едвај чекав да примам, година дена сум опериран од бај-пас и само чекав кога ќе дојде да не биде нешто. Инаку се е добро нема проблем. И жената треба да прими има 77 години. Слободен ќе сум, година дена по операцијата не сум излегол, не смеам, вели осумдесетгодишниот поранешен ракометар Томислав Спасовски.

– Редовно си ги примам сите вакцини, со години наназад па сега се пријавивме на време и добивме покана да се вакцинираме. Сите да дојдат да се вакцинираат ако сакаат колективен имунитет и сами на себе си штетат и на околината, изјави една година повозрасниот Стоиле Анастасовски.

 

 

Loading...

– Едвај чекав да дојде вакцината, да биде лошо веројатно нема и затоа сум воодушевен, задоволен, превентива си е превентива, дали ќе е корисно или не, на крајот на краиштата ние сме последни. Треба да следат и другите, џабе јас ако се вакцинирам, а друг не се вакцинира, еве Србија ни даде затоа што сме соседи и на Црногорците, што е за пофалба, сите треба да се вакцинираат, барем 80-90 отсто треба да се вакцинираат и тоа е добра изолација веројатно. Немав воопшто недоумица уште пред еден месец се јавив кога рекоа дека ќе има, да ме пише докторката, изјави осумдесет и двегодишниот Милутин Димитриевски.

– Супер, нема никаква промена еве 15 минути како сум тука, добро се чувствувам. Не се размислував воопшто, сакав да си примам, што е сигурно, сигурно, со деца си дома. Немав здравствени проблеми претходни, вели Мила Станојковска.

 

 

Утринава пристигнале и лица заинтересирани за вакцинација, но кои немале закажан термин, па биле вратени назад. Како што рече доктор Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари од Куманово, термини се закажани само за оние кои се пријавени преку веб страницата на Министерството за здравство.

Loading...

– Од утринава пробавме на нашите програми дали можеме да ги закажеме термините, имавме проблем бидејќи сите пациенти кои до 23 јануари не се пријавиле на страната на Министерството за здравство ги нема во нашата програма и не можеме да креираме термини. Сепак ги замолувам граѓаните на Куманово да не се грижат и брзаат со вакцините, ќе има веројатно вакцини и натаму, изјави др. Асани.

 

 

Како што вели доктор Асани, пожелно е пациентите пред да закажат термини за вакцинација да се консултираат со нивниот матичен лекар, за да не дојде до несакани реакции поради одредени терапии кои ги земаат или заболувања што ги имаат.

Loading...

– Пожелно е сите пациенти да се јават на матичен лекар и да разговараат дали може да примат вакцина или не, сите кои примаат антикоагулантни лекови против згрутчување на крвта, треба матичен лекар да одлучува дали да примаат вакцина. Исто така има уште неколку болести кои не требаат вакцина кои се штетни за пациентите и ќе му направат голема штета ако примат вакцина рече тој.

 

 

Инаку, според информациите на др. Асани, над илјада кумановци веќе ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19 во Србија само изминатиот викенд.

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply