Започна тестирањето на нов мотоцикл со радикален дизајн (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британската компанија White Motorcycle Concepts започна со тестирање на својот мотоцикл, со што се очекува да го собори рекордот во брзина.

Loading...

Станува збор за мотоцикл WMC250EV кој се карактеризира со радикален дизајн задолжен за драстично намалување на коефициентот на отпорност на воздух. По неколкумесечен развој, концептот сега е во тест фаза на патеката. Директорот на компанијата и главниот мотоциклист Роберт Вајт потврди дека се извршени некои од првите тестови.

Кога станува збор за дизајнот, мотоциклот напред има централна празнина што овозможува да поминува воздух, а таков дизајн досега не е виден во светот на мотоциклите. Покрај оваа промена на дизајнот, тимот од споменатата компанија се одлучи за целосно електричен погон.

Целта е да се собори светскиот рекорд од 402 км / ч, а тимот моментално тестира прототип на јаглерод.

Сепак, развојот сеуште е во тек, така што љубителите на брзината мора да знаат дека мотоциклот во моментов не е особено брз, бидејќи главната цел на првите тестови е да се соберат податоци во реални услови. Прототипот работи на 60V систем кој испорачува само 100 kW моќност.

Конечната верзија на мотоциклот ќе има 800V систем кој треба да произведе доволно енергија за да го собори рекордот во брзина. Тестирањето ќе продолжи до крајот на оваа година, а обид за соборување на рекордот е планирано за следното лето во Боливија.

Покрај соборувањето рекорди, компанијата работи со индустриски партнери за да ги користат нивните патентирани технологии за идните патни мотори.

 

Loading...