Започна сезоната на веселби: Пукање во воздух во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,40 часот во Полициската станица Куманово, Д.Т. од Куманово пријавил дека на ул.„Лесковачка“ во Куманово, засега непознато лицесо пиштол испукало неколку пати во воздух од автомобил во движење и продолжило кон нас.„Јане Сандански“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Дел од националните медиуми пренесоа дека станува збор за пукање на свадба.

Инаку за Куманово и околината е типично во летниот период да се пука на веселби, со оглед дека иселениците во тој период доаѓаат и се прават свадби и сунети. Минатата година по мајските настани овие пукотниции цело лето сееја страв кај кумановци.