Започна реконструкцијата на Занаетскиот дом (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Еден од најимпозантните и најпрепознатливи објекти во Куманово наскоро ќе блесне во нов сјај. Деновиве започна реконструкцијата на Занаетскиот дом, лоциран на самиот плоштад во строгиот центар на градот.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”406″]

 

Денеска увид во работата на терен направи градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставници од Секторот за урбанизам и локалната самоуправа.

Реновирањето, според Дамјановски требало да започне и претходно, но дел од истиот бил користен од Македонскиот архив, а сега со нивното иселување се створени услови да започне целосно менување на изгледот на овој објект.

Оваа здание има големо значење за живеењето низ историјата и архитектурата на Куманово, еден од најзначајните споменици, го опишуваат како кумановскиот Нотр Дам. Тендерската постапка е завршена, а проектот се води преку регионот, каде јас сум претседател на регионот, заедничка инвестиција со Општина Куманово вредна 15 милиони и 510 илјади денари – вели Дамјановски.

Реконструкцијата предвидува целосно внатрешно уредување, промена на столаријата, осветлување на просторот, а фасада, која е под заштита на Националната установа за конзерваторски услуги, па до крајот на месецот се очекува од нив да пристигне проектот за комплетно ресттаврирање на фасадата, а целиот проект треба да заврши до 11 ноември.

Се надевам дека во пресрет на големиот празник, ослободувањето на Куманово, ќе имаме пуштање, зависно од соработката со Националната установа, бидјеќи тоа е на државно ниво и тоа менување на фасадата е под културна заштита – додава Дамјановски.

Седум милиони денари се издвоени од Буџетот на Општина Куманово, а останатиот дел преку Североисточниот плански регион, каде членува и градот.