Започна постапката за Адресен регистар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за катастар на недвижности ја започна постапката за Адресен регистар како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.

Loading...

– За таа цел ги информираме жителите на општина Куманово дека во период од 28.01.- 13.04.2020 година ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места на територијата на општина Куманово, информираат од Општина Куманово.

Од таму, апелираат за соработка на жителите на општината со екипите задолжени за теренско прибирање на податоци, со цел непреченост, навременост и успешност во процесот на воспоставување на адресниот Регистар.

Адресниот регистар е еден од клучните регистри во државава. Тој ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици.

На тој начин, заинтересираните субјекти ќе имаат можност сите информации поврзани со адресите да ги добијат по електронски пат на брз и ефикасен начин од Агенцијата за катастар на недвижности.

Никола Ивановски

Leave a Reply