Започна посебниот сообрќаен режим кон населбата Карпош (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Посебен сообраќаен режим од денеска е воспоставен на дел од улицата „Доне Божинов“ кај мостот во населбата Средорек, односно на патот кој води кон населбата Карпош.

Loading...

Поради реконструкцијата на мостот на кој ќе минува пругата, сообраќајот ќе се одвива по една лента на средината, која е веќе обележана, а поставени се и семафори кои наизменично ќе ги пропуштаат возилата.

За пешаците пак е направена посебна патека спроти мостот, а како што претходно појасина од компанијата „Виебе“, која е изведувач на градежните зафати, ваквите мерки се од безбедносни причини за учесниците во сообраќајот.

Засега не е познато до кога ќе се применува посебниот сообраќаен режим на оваа локација.

Leave a Reply