Започна новогодишното украсување на градот

Сподели со своите пријатели

Од вчера започна новогодишното уркасување на Куманово кое ќе ги пфати двата градски плоштади, а на централниот „Нова Југославија“ е поставена шестметарска елка и фонтана во исто толкава височина и широчина од 3,5 метри.

Украсувањето на градот е почнато во централното градско подрачје, 3 МУБ, булеварот Октомвриска револуција, 11-ти октомври, и дел на Доне Божинов. Оваа година не е предвидено украсување на градскиот кеј минатата година ние го направивме сами, со нашите вработени но временскиот период оваа година не ни дозволува такво нешто и ние мора да се придржуваме кон централното градско подрачје. Ќе има лед сијалици, светлосни мрежи, фигури во вид на топки и други украси – изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово паркинг“.

И оваа година иведувач на работата е компанијата „Линк медија плус“ – Скопје, а вреднсота на договорот е 1.772.000 денари. Новогидшното урасување ќе биде поставено до празникот Водици.

фото: архива

Loading...