Започна извозот на жито од украинската област Херсон во Русија

Сподели со своите пријатели

Украинската област Херсон почна да извезува жито од минатогодишната реколта во Русија, изјави денеска Тас Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната управа на тој регион, кој е под контрола на руската санага.

Loading...

„Има места за складирање на нови култури, иако тука (во силосите) има многу жито. Луѓето почнаа да растовараат некои откако постигнаа договори со купувачите од Русија“, рече Стремусов за новинската агенција Тас.

 

Борел: „ЕУ ќе постигне договор за нов пакет санкции“

 

Тој додаде дека во тек се преговори за испорака на семки од сончоглед за производство на масло во домашни и руски фабрики.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Тој, исто така, рече дека регионот Херсон се подготвува за жетва на зимски житни култури и дека „работата ќе започне на 20 јуни“.