ЗАПОЧНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Дали го добивте ова известување од Инстаграм?

Сподели со своите пријатели

Инстаграм започна со тестирање на нова опција што е достапна во Хрватска, пишува index.hr, а се очекува наскоро да биде достапна и во Македонија – станува збор за криење на лајковите.

Loading...

„Определете како сакате да ги гледате известувањата – „ми се допаѓа“ – на објавите“, ги информираше Инстаграм своите корисници, како што објавија од index.hr.

 

 

„Отсега натаму, можете да го скриете бројот на „лајкови“ на објавите на корисниците, за да можете повеќе да се концентрирате на содржината што ја споделуваат.

Може да го скриете и бројот на „лајкови“ на вашите објави, се вели во известувањето.

Инстаграм го започна експериментот на криење лајкови на глобално ниво во средината на 2019 година, но во тоа време немаше избор и само одреден број профили беа вклучени во експериментот.

Loading...

 

 

Компанијата претходно објасни дека тоа го прават поради влијанието на лајковите врз менталното здравје на корисниците.

Покрај тоа, отстранувањето лајкови помогнало, велат тие, во намалувањето на „менталитетот на стадото“, што влијае на луѓето да сакаат работи што се веќе популарни, наместо самите да проценуваат за квалитетот на содржината.

 

 

Loading...

Сепак, во претходните најави за криење лајкови, некои инфлуенсери се жалеа дека тоа може негативно да влијае на нивниот бизнис.

Leave a Reply