24.06.2018 11:08

Започна Државното првенство во друмски велосипедизам (ФОТО)

loading...

Педесетина велосипедисти денеска се натпреваруваат на Државното првенство во друмски велосипедизам кое се одржува во Куманово.

 

 

Првенството е во организација на велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт, а во соработка со Велосипедската федерација на Македонија и Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово.

 

 

Како што истакнуваат организаторите ова е најпрестижна трка во рамките на националните натпреварувања и победникот ќе ја понесе титулата државен првак.

 

 

Велосипедистите денска во 10 часот тргнаа од градскиот плоштад по што ќе возат на релација Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниорите и мастерс, одека жените и помалите кадети ќе возат на релација Куманово – Страцин – Куманово.

 

 

Името на државниот првак ќе се знае по 14 часот, кога се очекува да започнуваат да пристигнуваат првите сениори. Целта е градскиот кеј каде и ќе биде свеченото доделување на наградите и признанијата.

 

 

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments