Запленети рогови од носорог вредни 100.000 долари

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречила криумчање на рогови од носорог на Меѓународниот аеродром Ханој во Виетнам, откако запленила 55 парчиња рогови сокриени во гипсани пратки, соопштуваат виетнамските државни медиуми.

Loading...

Царинските службеници ги скршиле гипсените кутии од 14 пратки за да откријат рогови кои биле подготвени за илегален транспорт. Тежината на роговите кои се обиделе да ги крумчарат била 125 килограми наведува виетнамската новинска агенција.

Ловокрадци убија редок бел носорог поради сантиметар рог

Според податоците на Светскиот фонд за диви животни, Виетнам е на првото место по илегалната трговија со рогови од диви животни. За еден рог може да се заработат дури 100.000 долари во азиските земји како што се Кина и Виетнам, а купувачите веруваат дека со нив можат да излекуваат разни болести, започнувајќи од мамурлак по пијанство па се до излекување на канцерот.

Заплената во виетнамската престолнина се случила откако полицијата во Ханои привела човек обвинет дека на 23 јули водел ланец на трговија со диви животни.

Тоа апсење следувало по откривањето на седум заледени тигри во автомобил паркиран во подрум на облакодер во Ханои.

Последните фотографии од единствениот бел носорог: Човек го теши додека тој умира (ФОТО)

Минатата седмица, претставници на Сингапур спречиле испорака од скоро 9 тони слоновача, што е најголема заплена од тој вид во историјата на земјата.

Loading...

Транспортот е започнат од Демократската Република Конго, а било планирано преку Сингапур да пристигне до Виетнам, наведуваат во соопштението.

Leave a Reply