Запленети 36 килограми марихуана, приведени двајца кумановци (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Loading...

– А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Р.Турција, со цел стекнување на противправна имотна корист. На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

– Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана. Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 килограми, додаваат од полицијата.

Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, пришто одредена име мерка притвор во траење од 30 дена.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply