Замрзнатите цени на храната важат уште три дена: ШТО ПОТОА?

Сподели со своите пријатели

Уште три дена цените на основните прехрамбени производи не смеат да бидат покачено, согласно одлуката што минатата година ја донесе Владата, а со која се замрзнуваат цените на производи како млеко, месо, јајца, тестенини…

Loading...

Но, оваа владина одлука истекува за три дена и барем засега носи неизвесност дали февруари ќе биде месец на нов бран поскапувања на основните намирници на живот, откако електричната енергија, гасот и горивата вртоглаво поскапеа.

Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава.

Според одлуката донесена во декември, ова правило може да биде продолжено и по 31 јануари 2022 година, ако состојбата на пазарот тоа го бара.

Но, од владата засега молк. Нема најави дали ќе биде продолжено замрзнувањето на цените што ќе спречи осирумашување на и онака сиромашните семејни буџети на граѓаните или ќе може да се здивне уште некој месец.

Никола Ивановски