Замок вреден 57 милиони евра ќе биде урнат бидејќи е дивоградба

Сподели со своите пријатели

Франција е позната по замоците и историските градби ширум земјата, но кога еден човек ја изградил својата резиденција во ренесансен стил, во прекрасен предел на јужниот брег, судот одлучил дека градбата мора да се урне, затоа што е изградена илегално.

Loading...

На трговецот со недвижнини Преј Дитер, во чија сопственост се наоѓа замокот близу градот Грас во Јужна Франција, судот му дал рок од 18 месеци да ја урне градбата, а му се заканува и парична казна од 200.000 евра, пренесува CNN.

– Господин Дитер е обвинет дека градел на заштитено земјиште без дозвола, адаптирајќи дом кој претходно тука стоел во замокот, рекол Пјер-Жан Гори, државен обвинител на департманот Приморски Алпи.

Loading...

Дитер од обичната куќа на тој имот изградил пространа резиденција со повеќе градби, 18 апартмани, базен, фонтани, градини и две места за слетување на хеликоптер.

Една од градежните компании која учествувала во работите веќе е казнета со 200.000 евра, а друга со 50.000 евра.

Leave a Reply