Заменик министерот за здравство и директорот на тетовската болница дадоа оставки

Сподели со своите пријатели

Заменик министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Артан Етеми поднесоа оставки.

Loading...

Прв оставка поднесе директорот Етеми, а одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин, соопшти Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника.

– Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, соопшти Етеми.

По него оставка поднесе и Илир Хасани, заменик министер за здравство:

„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за формирање на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов“, напиша Хасани.

Никола Ивановски