Закана за цел град: Оваа дупка се шири со огромна брзина (видео)

Сподели со своите пријатели

Огромна дупка која минатата година се појавила покрај градот Соликамск во Русија не престанува да се шири. Дупката во почетокот имала димензии од 20х30 метри, но за девет месеци таа е порасната на 122 со 125 метри.

Loading...

Дупката која сега се заканува да ги проголта блиските населени места се појавила на местото на еден рудник во ноември минатата година.

За сега не постојат индикатори дека ширењето ќе се намали, а земјата која пропаѓа ги поткопува околните куќи. Длабочината на дупката се проценува на 75 метри, а веќе е видлива и од вселената.

Компанијата во чија сопственост е рудникот го криви земјотресот кој довел до поплава која пак довела до пропаѓање на рудникот, но ветуваат на сопствениците на пропаднатите куќи дека ќе добијат некој вид на компензација.

Во меѓувреме прекинато е вадењето на калиум карбонат од рудникот.