Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече надолу

Сподели со своите пријатели

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забавувањето на западните санкции против Русија со објава на нејзиниот канал Телеграм.

Loading...

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека „темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се прилагодува на ограничувањата“.

Потоа таа додаде: „Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното“.

Да потсетиме, Блумберг вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Еуростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто домашниот производ пораснал за 0,1%, иако економистите проценија пад од 0,1%.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.