Захариев: Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Сподели со своите пријатели

Од 5 ти април започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2021 година, соопшти на прес конференција претседателот на СДММ при Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Захариев.

Loading...

Како што рече Захариев, повикувајќи се на информациите на Министерството за труд и социјална политика, корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите во банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 5 ти април 2021 година.

– Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи голема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Covid 19, за корисниците кои ќе користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето. Продолжуваме да се грижиме за најранливите групи на граѓани и во оваа време истите да бидат заштитени преку редовна и навремена исплата на финасиските средства кои им следуваат. Носете маска, одржувајте растојание и почитувајте ги заштитните мерки, рече Захариев.

Никола Ивановски

Leave a Reply