Загрозени 60 видови кафе

Сподели со своите пријатели

Доколку сакате да пиете кафе, сега е време да се загрижите. Повеќе од половина од дивите видови кафе се загрозени и им се заканува изумирање, покажало истражувањето на Кралската ботаничка градина од Лондон.

Loading...

Од 124 видови диво кафе, 75 се загрозени поради сечата на шуми, климатските промени и ширење на болести од штетните видови, покажале резултатите од истражувањето кое е спроведено во неколку африкански шуми од Сиера Леоне до Мадагаскар.

Светското производство на кафе сега почива на два вида – арабика (околу 60 отсто од производството) и робусти (40%). Освен јасната закана за тие видови, дивиде подвидови од кои зависи подобрувањето на нивното семе, исто така се во опасност.

Арон Дејвис од Секторот за истражување на кафе во Кралската ботаничка градина објаснува дека на произведувачите им требаат дивите подвидови, затоа што имаат потребни гени за развој на кафето отпорни на болести и климатски промени.

– Во светот постојат 100 милиони одгледувачи на кафе и ако тие ја изгубат можноста за одгледување или остварување зарабортка, тоа ќе создаде огромни социјално – економски проблеми, истакнал Дејвис.

Leave a Reply