Загрозена безбедноста на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Акциите на руските сили во нуклеарната централа Запорожје најверојатно ја загрозиле безбедноста на нормалното функционирање на нуклеарната централа, соопшти денеска британското Министерство за одбрана, пренесува Гардијан.

Loading...

„Руските сили веројатно ја користеле пошироката област на објектот, особено соседниот град Енергодар, за да ги одморат своите сили, користејќи го заштитениот статус на нуклеарната централа за да го намалат ризикот за нивната опрема и персонал од украинските напади“, се вели во ажурираниот разузнавачки извештај Велика Британија објавен на Твитер.

Од Лондон додаваат дека „намерите на Русија во однос на електраната остануваат нејасни и пет месеци по окупацијата на Украина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

„Руските сили најверојатно оперираат во регионите во близина на електраната, користејќи артилерија за да ја таргетираат украинската територија на западниот брег на реката Днепар“, додаваат Британците.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.