Заглавени бегалци на ТЦ Табановце спијат во кујна и на отворено

Сподели со своите пријатели

Метеж и пренатрупаност со луѓе се создаде во ПЦ Табановце откако на преминот беа вратени 860 бегалци јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во кујната на центарот спијат педесетина бегалци и тоа 46 Ирачани и четворица Сиријци, додека во меѓузоната се наоѓаат 138 лица од кои децата и жените биле повикани да преспијат во кујна.

Во меѓувреме, на ПЦ Табановце е направен список на бегалци без документи кои своеволно се согласиле да го напуштат кампот, па така 22 – ца бегалци од Авганистан, 36 лица од Иран и десетина бегалци од Ирак се вратиле со воз во Гевгелија, јавува РЦУК.

Како што јавува РЦУК, тимовите за итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на мигранти, додека во центарот вчера пристигнале три нови телевизори кои се уште не се монтирани, а градежна машина на приватна фирма која вршела тампонирање на кампот, поради невнимание со багер го оштетила магацинот за храна.

Во ПЦ Табановце вчера била доставена и нова барака предвидена за монтирање на туш кабини за бегалците, со земена мостра од страна на ЈЗУ за испитување на квалитетот на вода.

Почнувајќи од вчера, во ТЦ Табановце ординира и мобилна гинеколошка ординација на УНФПА, која вчера асистираше при гинеколошки прегледи на жени – бегалки присутни во кампот.

фото: УНФПА