Загина српскиот рапер Гру

Сподели со своите пријатели

Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина вчера околу 3.30 часот кога при кајтбординг паднал во Дунав.

Loading...

Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун.

Тимот на брза помош ја констатирал смртта.

Белград беше зафатен од невреме во моментот на несреќата, а истрагата ќе покаже дали има врска со несреќата.

Гру беше голем љубител на адреналински спортови. Покрај скијањето и бордот, тој скокал и од падобран, банџи, а секое лето се возеше со кејтот на Ада Бојана.

Љубовта кон екстремните спортови се испеа во песната „Адреналински џанки“.

Leave a Reply