Заев: Важно е дека никој не треба да биде изземен пред законот

Сподели со своите пријатели

„Случајот „Рекет“, случајот борба против незаконска продажба на тутун, случајот „Шпански скали“ и сите други случаи покажуваат одлична и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Без разлика до кого ќе водат тие случаи. Дали, ќе водат до обвинител, до политичар, газда на медиум, или било кој. Никој не може да биде изземен од Законот, ниту пак да се амнестира. Ова е важно за пред ЕУ, за пред земјите членки, но, ќе признаеме сите, уште поважно е за нас дома“, потенцираше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот Хан на новинарско прашање дали случајот „Рекет“ ќе ја сруши надежта за одлука за старт на преговорите со ЕУ во октомври.

Loading...

Премиерот Заев дополни дека во извештајот за напредокот на земјата ЕУ потврди дека земјата стопроцентно ги исполни препораките за реформи во правосудтсвото, борбата против организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната админиострација, но дека треба да продолжиме да работиме на владеење на правото и да го јакнеме амбиентот за независноста на правосудството за ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

„Секој ден им даваме сѐ повќе причини и аргументи на земјите членки да ја потврдат октомвриската толку долго очекувана одлука. Сега и власта и опозицијата треба да го покажат најсилни и аргументот за заедничка поддршка на Законот за јавно обвинителство“, истакна премиерот Заев на прес конференцијата. 

Текст и фото: Влада на РСМ

Leave a Reply