Заев се сретна со делегација на Социјалдемократите во Словенија

Сподели со своите пријатели

Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на официјалната посета на Словенија, имаше средба со делегација на партијата на Социјалдемократите во Словенија предводена од лидерот на партијата и вицепремиер  Дејан Жидан.

Loading...

Заев им се заблагодарил на колегите на словенеќката Социјалдемократка партијаза досегашната соработка, како и на поддршката што доаѓа во континуитет и од сестринската партија, и од Република Словенија во целост. Ги запознал словенечките колеги од СД за почнатите реформски процеси во Македонија и ги информирал дека во владината коалиција што ја предводи СДСМ постои консензус за неопходните длабоки промени што претстојат во повеќе суштински сфери за враќање на довербата во институциите, за реафирамиција на владеењето на правото и на правната држава и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

– Делегацијата на СД на Словенија им честиташе на своите колеги од СДСМ на успехот на последните локални избори во Република Македонија и изразија увереност дека сега Владата предводена од СДСМ има потполна доверба од граѓаните за почнатите реформски процеси. Од сестринската партија на СДСМ од Словенија на средбата нагласија дека тие и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат партијата од Република Македонија со која активно соработуваат и во европската заедница на социјалдемократските партии и дека остануваат верен поддржувач на политиките на нашата земја за членство во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението.

На средбата присуствувале членови на највисоките раководни тела на СДСМ и министри, потпретседателот Оливер Спасовски, членовите на Извршниот одбор, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, како и членовите на раководството на СД на Словенија, Матјаж Хан, шеф на пратеничката група на СД во Државниот збор на Словенија, Матјаж Немец, потпретседателот на Државниот збор, и Мартина Вук, државна секретарка во Министерството за труд, социјална политика и еднакви можности.

Извор: МИА