Заев: Се надевам дека ќе се изнајде решение за проблемот помеѓу Белград и Приштина

Сподели со своите пријатели

Србија е наш голем пријател и се надевам дека Белград и Приштина ќе изнајдат решение на проблемот, рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Куманово.

Loading...

Воедно, премиерот го осуди насилното влегување во тамошните институции.

Србија е најш голем пријател, нашиот народ е близок, ние сме секогаш внимателни со изјавите, дури и кога доаѓа од некои медиуми гледате и во враќањето внимателно и пријателски возвраќаме. Ние осудивме било какво насилно влегување во било каква јавна институција, јас сум еден од паталците на насилното влегување во институциите, ние и посакуваме на Србија се најдобро, изјави Заев.

Македонскиот премиер изрази надеж дека ќе дојде до решение на проблемот меѓу Србија и Косово преку позитивно решение кое ќе гарантира стабилност и регионална соработка.

– Се надеваме дека ќе се изнајде решение и на проблемот што постои меѓу Белград и Приштина, охрабруваме такви решенија, стоиме зад такви позитивни решенија кои секако ги гарантираат перспективите и на Србите во Косово и на Албанците во целиот регион, како и во Косово, но и на другите заедници, но пред се решение кое дефинитивно ќе гарантира мир и стабилност, регионална соработка, економски перспективи, европски перспективи на целиот регион, додаде Заев.

Се што се случува добро во Србија, вели Заев, е во полза и на Република Северна Македонија.

Leave a Reply