Заев: Преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за правосудството не се пропаднати

Сподели со своите пријатели

Министерството за правда ги започнува разговорите со помалите политички партии за законот за реформи на правосудството рече денеска претседателот на Владата Зоран Заев при посетата на Куманово

Loading...

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот е оптимист дека преговорите не се пропаднати.

– Денеска почнува Министерството за правда разговори со помалите политички партии и парламентарни групи, но јас не верувам дека е пропаднат разговорот со најголемата ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што колку што знам принципите за кои се залагаат се прифатени или веќе имплементирани во делот на нашето законодавство, дел се од претходната власт, дел од оваа власт имплементирани за да можеме да дадеме позитивен пас да навлеземе во суштина и структура на самите разговори, рече Заев.

За мене е прифатливо се што е прифатливо за уставот и граѓаните, рече Заев и додаде дека овој закон има импакт во борбата против криминалот и корупцијата во државата.

– Во работните групи се дадени насоки од моја страна, ќе ги разговараат во суштина деталите, за мене е прифатливо сето тоа што е уставно возможно, за мене е сето тоа прифатливо кое за граѓаните е нормално прифатливо, затоа што не е само моја обврска да го слушам гласот и прифатливоста на граѓаните, туку тоа е обврска на позицијата, помала или поголема, владејачка партија, на сите нас заедно, затоа што постоиме и им служиме на граѓаните на државата, посочи Заев.

Ако се направат напори, Заев е убеден дека законот може да се донесе и до први април.

Leave a Reply