Заев: Прашањето е тоа кое го објавивме, референдумот ќе биде консултативен

Сподели со своите пријатели

„Дали сте за членство во Европската унија и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ ќе биде прашањето на претстојниот референдум кој треба да се одржи на 30 септември годинава, рече премиерот на Република Македонија Зоран Заев при денешната работна посета на кумановско Черкези каде означи почеток на изградба на спортската сала. Притоа посочи дека референдумот ќе биде консултативен.

– Процедурите се отпочнати во собранието, она за што сум информиран во консултација со пратеничката група на СДСМ, ДУИ и сите други пратенички групи и пратеници од мнозинството, мнозинството пратеници кои се со својот потпис за отпочнување на иницијативата за распишување нар еферендумот, знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме „ Дали сте за членство во Европската унија и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, знам дека референдумот ќе биде консултативен, изјави Заев.

Премиерот ја повика опозицијата да се вклучи и да повика на гласање, за да граѓаните излезат масовно на референдумот, затоа што, како што посочи ова е историска одлука и се дефинира иднината на Република Македонија.

– Сите сме должни како чинители во оваа општество, како луѓе кои не поставиле граѓаните таму каде што сме да овозможиме максимални услови за доволно да биде мотивиран нашиот народ да излезе да гласа и да даде поддршка за конечно овие 27-годишни асипарции на нашата земја, а тоа е членство во ЕУ и НАТО, да го заокружиме, јас сум убеден дека сме на вистинскиот пат, изјави Заев.

Околу 15 часот денеска се очекува да се одржи и собраниската седница на која ќе се гласа распишувањето на референдумот. Според досегашните најави гласањето ќе го бојкотира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply