Заев: Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ова е време на конечен пораз на „заробената држава”, сите политички субјекти имаат одговорност да ги поддржат реформите“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање до јавноста, во однос на последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за јавното обвинителство. 

Loading...

Како што рече „ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас“.

– Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран, вели премиерот во своето видео обраќање.

Тој вели дека го охрабрува Јавното обвинителство да продолжи во борбата, без разлика до кого ќе стигне истрагата.

– Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“.  Ве повикувам сите да ги поддржиме решенијата со кои ги заокружуваме реформите, за подобар живот во овој наш убав мозаик, во ова наше заедничко општество, рече Заев.

Leave a Reply